Шест поранешни кошаркари на Црвена Звезда има во актуелниот состав на српската репрезентација, петмина се екс-играчи на Партизан, а само Никола Јокиќ не играл во ниеден од вечните ривали.
Балансот го прави селекторот Александар Ѓорѓевиќ иако на сите им е јасно дека му е најважен успехот на репрезентацијата, а не емоциите.
Сепак, интересна беше ситуацијата од натпреварот против Нов Зеланд кога Сале толку му се налути на Марко Гудуриќ за една загубена топка и направен неспортски прекршок, што буквално го извлече од теренот, а потоа продолжи да вика по него додека 24-годишниот бек се обидуваше нешто да му објасни.
На шега или не, некои навивачи на Звезда се најдоа навредени – ете намерно урла по него, дека е „наш“.