ПОЧЕТНА Некатегоризирана Како Hala Madrid стана Visca Barca…

Како Hala Madrid стана Visca Barca…

сподели
Marca

Никола Миротиќ во моментов веројатно е еден од најомразените личности кај навивачите на Реал Мадрид иако тој веќе пет години не е дел од овој клуб.

Шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло одлучи да ја напушти НБА лигата и да се врати на Иберискиот полуостров, но не во клубот каде стана професионалец, туку во најлутиот ривал Барселона.

Twitter

Мадридските медиуми веднаш го потсетија на една изјава од пред седум години, веднаш по завршувањето на сезоната во која Барса ја освои титулата во АЦБ лигата.

„Никогаш не би заиграл за Барселона. Ако се чувствуваш ‘мадридист’ од дното на душата, не можеш да играш во тој клуб, а тоа е случајот со мене“, изјавуваше тогаш Миротиќ.

Twitter

И не само тоа. Крилниот играч постојано одеше на фудбалските натпревари на „Бернабе“ за да го бодри Реал, пишуваше и пораки на социјалните мрежи и не забораваше на крајот да стави „Hala Madrid и ништо повеќе“. Можеби во новата сезона ќе оди и на „Камп Ноу“ и ќе вика Visca Barca… и ништо повеќе.

Миротиќ не е ни прв, ни последен кошаркар кој играл и за Барселона и за Реал, дури не ни премина директно од едниот во другиот клуб како што беше случај со Анте Томиќ пред седум години. Но, навивачите на Реал особено ги боли ваквиот развој на настаните затоа што 28-годишниот кошаркар е производ на школата на мадридскиот гигант, а и јавно се крстеше и колнеше на вечна љубов кон него.