ПОЧЕТНА Некатегоризирана Како Ѓорѓевиќ поради Дражен беше елиминиран од ју-репрезентацијата…

Како Ѓорѓевиќ поради Дражен беше елиминиран од ју-репрезентацијата…

сподели

Селекторот на српскиот национален тим полни 52 години, роденденот го слави далеку од дома, во Кина, со своите играчи и стручниот штаб со кои од 31 август ќе се бори на Светското првенство.

Како еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, на него се сети ФИБА, а тој пред новинарите се сети на една случка од пред повеќе од три децении, кога ја почнуваше својата блескава кариера и го носеше дресот на Партизан. Повозрасните љубители на кошарката се сеќаваат на тој инцидент, но Александар Ѓорѓевиќ открива детали.

На еден од натпреварите меѓу Партизан и во тој период доминантната Цибона, Сале влегол во конфликт со Дражен Петровиќ и неговиот брат Ацо.

„Се играше на нож, јас се обидов да ги тепам нив (во игра н.з.), не знам дали успеав. Бевме поразени по две продолженија, Дражен излезе од игра во едно од нив поради пет лични грешки.

По натпреварот ми се внесе во лице и ми рече: А, ти мали, никогаш повеќе нема да заиграш во репрезентација. Се заврте и замина, а јас тргнав по него, го пцуев, го вреѓав, сите ме држеа.

Оттогаш навистина не заиграв во југословенската репрезентација. Дали поради тоа или нешто друго – не знам, но мене навистина ми се случи. Можеби поради дрскоста на нас, неколку клинци кои се обидовме да ја нападнеме тогап моќната Цибона…“, откри Ѓорѓевиќ.

Единствениот настап на едно големо натпреварување во сениорска конкуренција за репрезентацијата на СФРЈ тој го имаше на Европското првенство во Рим во 1991 година кога, интересно, во составот не беше Дражен Петровиќ. Затоа беше член на У-19 селекцијата, заедно со Кукоч, Раѓа, Дивац… која во 1987 година стана светски шампион во Бормио.