ПОЧЕТНА Други репрезентации Кадетките заминаа за Бугарија

Кадетките заминаа за Бугарија

сподели
КФСМ

Женската репрезентација до 16 години тргна за Софија каде во наредните десет дена ќе учествува на Европското првенство, Дивизија Б. Кошаркарките речиси два месеца тренираа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари на домашен терен.

Ждребот одржан во јануари посака да нашата женска кадетска репрезентација биде сместена во единствената група со пет репрезентации, групата Д. Против соодветните национални селекции на Луксембург, Холандија, Бугарија и Украина ќе разигруваат нашите кадетки во рамки на групната фаза.

Првенството ќе го отвориме со натпревар против Холандија на 15. август. Следниот ден ќе паузираме, а на 17. август ќе се надигруваме против организаторот на ова првенство, Бугарија. Следи уште еден ден за одмор, а на 19. август противник ќе ни биде Луксембург додека последниот натпревар од групната фаза, против Украина е закажан за на 20. август.

fiba.basketball

Системот за натпреварување, согласно бројот на земји-учеснички на овогодишното Европско првенство за кошаркарки до 16 години во дивизија Б, диктира трите најдобро пласирани репрезентации на крајот на првенството да се здобијат со право за учество во дивизија А идното лето. Поради бројот на учесници (23) ова лето ниту една репрезентација нема да испадне во Ц дивизија.

Нашите кадетки репрезентативки ќе разигруваат со Холандија, Бугарија, Луксембург и со Украина во рамките на групата Д од групната фаза. Европското првенство, дивизија Б, ќе се одигра во Софија, Бугарија од 15-ти до 24-ти август.

(преземено од КФСМ)