ПОЧЕТНА Други репрезентации Кадетките загубија со 77 разлика!!!

Кадетките загубија со 77 разлика!!!

сподели
КФСМ

Македонската репрезентација составена од кошаркарки до 16 години доживеа дебакл на стартот на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Софија.

FIBA

Во првото коло загуби од Холандија со 101:24 што, сепак, не е највисок пораз во овој круг бидејќи Албанија е совладана од Белорусија со 24:104.

FIBA

Во првото полувреме нашите кошаркарки постигнаа само пет поени, а впечатокот барем малку го поправија во третата четвртина во која резултатот беше 20:14. Имавме 4а загубена топка, индекс -19, само пет асистенции и 29 скока помалку од противникот.

FIBA

Единствена наша репрезентативка која нешто одигра на овој натпревар е Габриела Модева, постигна 10 поени и 7 скока.

Во групата со Македонија се уште Бугарија, Украина и Луксембург.