ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кадетите покажаа карактер

Кадетите покажаа карактер

сподели

Единствената македонска репрезентација која летово ќе игра на Европско првенство од елитната дивизија оствари победа во првиот од двата планирани контролни дуела со Турција.

Иако се соочуваа со големи проблеми, кадетите (М16) славеа со 69:63. Гостите го диктираа темпото во најголемиот дел од натпреварот, во шестата минута имаа 4:16, а на помалку од три минути пред крајот и 45:54.

КФСМ

На 88 секунди пред последниот звук на сирената беше 50:57 за Турција и тогаш почна волшебниот кам-бек на нашите кошаркари. Величковски постигна тројка, Мехмет намали на два поена негатива, а за продолжение се избори Митревски во последните секунди. Во дополнителните пет минути кошаркарите на Денис Дервишевиќ поведоа со пет поени разлика (62:57) и успеаја да го сочуваат водството до крај.

КФСМ

Убедливо најдобар наш играч беше Митревски кој постигна 27 поени и шест скока. Тој е еден од ретките во оваа селекција кои играа и лани на Европското првенство Б-дивизија на кое Македонија го освои третото место и обезбеди пласман во елитата.

Кадетите ќе одиграат уште еден контролен меч со Турција, а пред крајот на месецот ги очекува турнир во Скопје на кој ќе настапат уште Чешка, Црна Гора и Израел.