ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Кадетите на Вардар со три победи се вратија од Чешка

Кадетите на Вардар со три победи се вратија од Чешка

сподели

Најдобрата младинска кошаркарска школа во Македонија уште еднаш еднаш покажа дека сериозно работи со оние кои треба да бидат иднината на овој спорт во земјава.

Играчите родени 2006 година учествуваа на првиот од двата планирани турнира од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) што се одржа во чешкиот град Острава.

Тоа е најмасовно и најелитно натпреварување за млади категори, секоја генерација има по 27 екипи од Централниот регион кои се поделени во 3 групи по 9. Разигрувањето е секој со секого односно секоја екипа има 8 кола, поделени по 4 кола на два турнира. Вардар втора година по ред се натпреварува во оваа конкуренција

На првиот турнир оствари 3 победи и 1 пораз, вториот турнир за оваа генерација ќе биде одржан во Печ (Унгарија) од 9-ти до 12-ти јануари 2020 година. Најдобрите две екипи по двата турнира ќе се пласираат на финалниот турнир во Дебрецин.

Во Острава, Вардар го победи германскиот Јан Минхен со 112:64, унгарскиот Ратгебер со 70:81 и украинскиот Теиваз со 92:58, а единствениот пораз го претрпе од домаќинот, во последното коло, со 86:63. На вториот турнир, во јануари, нашиот претставник ќе игра со ЕГЕ Асист од Турција, Цибона од Хрватска, Флеш Београд од Србија и Баскетакадеми од Италија.

По првиот круг е на третата позиција, заедно со Цибона, а максимален ефект имаат само Острава и Еге Асист.