ПОЧЕТНА Други репрезентации КАДЕТИ, СРЕЌНО!

КАДЕТИ, СРЕЌНО!

сподели
МКФ

По повеќе од деценија, една македонска младинска репрезентација ќе учествува на Европско првенство А-дивизија.

Кадетската селекција замина за Удине, Италија каде од 9-ти до 17-ти август ќе со најдобрите на континентот во својата конкуренција.

Репрезентативците до 16 години тренираа во Скопје, одиграа пријателски натпревари на домашен и на гостински терен, а непосредно пред заминувањео одработија и подготовки во Маврово за финално темпирање на формата.

Кадетите прво разигруваа со соодветната национална селекција на Турција, во Скопје, и запишаа две победи со 69:63 и 70:63. Потоа следуваа пријателски натпревари на меѓународен турнир во Габрово, Бугарија против Украина, Романија и против клубовите НАБА и ИБЦ. Од овој турнир четата на Дервишевиќ се врати со четири победи по што во Скопје ги совлада Полска и Чешка

На континенталниот собир, нашата репрезентација е во група Б со Летонија, Израел и Шпанија. Првиот натпревар е на 9-ти август против Шпанија. Потоа следи дуелот со Израел, ден подоцна, а групната фаза од натпреварувањето ќе ја заокружиме со натпревар против Летонија на 11-ти август.