ПОЧЕТНА РАЗНО Каде живееш? На улица „Дирк Новицки“!

Каде живееш? На улица „Дирк Новицки“!

сподели

Германската кошаркарска легенда е толку популарна во Далас што Градскиот совет одобри именување улица во негова чест.

„Дирк Новицки“ ќе се вика еден дел од Olive street во центарот на градот, а во близина на Американ ерлајнс центарот, домот на Мавс каде поранешниот крилен играч ја помина речиси цела професионална кариера.

За предлогот кој беше испратен на разгледување пред три месеци гласаа сите членови на Советот.