ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Каде ќе игра ТФТ и со кое засилување?

Каде ќе игра ТФТ и со кое засилување?

сподели
фото: Ивановски

Новиот скопски прволигаш ги финализира деталите околу договорот со спортскиот центар „Форца“ што се наоѓа во култната скопска населба Тафталиџе, за комплетирање на маалскиот впечаток.

Кадар од мечевите на ТФТ во малата сала во СЦ Борис Трајковски (фото: Ивановски)

Салата е од првата генерација спортски објекти што ги изгради АМС, има капацитет околу 500 седишта, кој се очекува да биде исполнет на секој меч, што на секој противник ќе му создава големи „проблеми“.

Кадар од мечевите на ТФТ во Градски парк

Проектот што тргна од нула и за кратко време ќе сука мустаќи во нашата премиерна конкуренција, обидувајќи се да им пркоси на сите што ќе истрчаат на терен од другата страна, најавува и квалитетно американско засилување.

ТФТ 2019

Можеби нема капацитет да се бори за највисоките позиции и за титулите (а можеби и има, тоа никој не го знае додека не видиме што ќе се случува во реалноста), но ТФТ сигурно ќе биде големо освежување во македонската Прва лига.