ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јуниорската селекција триумфираше на турнир во Бугарија

Јуниорската селекција триумфираше на турнир во Бугарија

сподели

Македонската М18 репрезентација го освои првото место на турнирот „Костадин Димитров“ што викендов се одржа во бугарскиот град Шумен. Во финалниот меч нашите кошаркари беа подобри од М17 селекцијата на Бугарија која ја победија со 88:74.

Претходно, во полуфиналниот меч јуниорите го совладаа српскиот Оканик со 89:69. Оваа екипа го освои третото место победувајќи го домаќинот Шумен до 103:74. Ова беше прв тест за новата јуниорска репрезентација на Македонија која идното лето ќе учествува на Б-Европското првенство.