ПОЧЕТНА Женска кошарка Јуниорките поразени на „генералката“ пред ЕП

Јуниорките поразени на „генералката“ пред ЕП

сподели
КФСМ

Македонската У18 репрезентација е совладана во последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство Б-дивизија што од 5-ти до 14-ти јули ќе се одржи во Скопје.

Подобри од нашите јуниорки беа Швајцарките кои во нашиот главен град победија со 60:75. Одлучи подобрата игра во второто полувреме, особено во третата четвртина која гостинките ја освоија со 16:25.

КФСМ

Илина Селцова со 25 поени беше убедливо најдобра наша кошаркарка, Попдимитровски постигна 12, а Секуловска 11.

КФСМ

Во рамките на подготовите јуниорките одиграа вкупно пет контролни натпревари, остварија три победи и два пораза. На турнир во Скопје ги совладаа Бугарија и Грција, загубија од Турција, а потоа одиграа и еден пријателски дуел против Косово на кој триумфираа со 65-47.

Македонија ќе игра во групата Ц на Европското првенство, со Ирска, Романија, Грција, Словачка и Австрија. Швајцарија е во групата Б со Турција, Португалија, Бугарија и Исланд.