ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јуниорите успешни на првиот меч во Бугарија

Јуниорите успешни на првиот меч во Бугарија

сподели
КФСМ

Кошаркарките до 18 години не успеваат да победат на Европското првенство Б-дивизија во Скопје, но нивните колеги во истата возрасна категорија успешно ги реализираат подготовките за континенталниот шампионат во Романија пред крајот на јули.

На гостувањето во Благоевград нашите јуниори ја совладаа Бугарија со 79:85 во првиот од двата предвидени контролни меча.

FIBA

Натпреварот го одбележаа многуте осцилации, Македонија водеше со 27:10 по првата четвртина, Бугарија замина со минимална предност на полувреме (37:36), а избраниците на Тони Симиќ во последниот период стигнаа до пресврт и победа.

FIBA

Миловановиќ постигна 24 поени, но убедливо наш најдобар играч беше Јакимовски кому малку му недостасуваше за трипл-дабл: 19 поени, 9 скока, 6 асистенции.

Утре (7-ми јули) Бугарија и Македонија ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар, а за две недели двете селекции ќе учествуваат на уште еден турнир кај нашиот источен сосед.