ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јуниорите пак ја победија Бугарија, сега поубедливо

Јуниорите пак ја победија Бугарија, сега поубедливо

сподели

Македонската М18 репрезентација вторпат славеше против Бугарија за помалку од 24 часа.

Во Благоевград е одигран вториот подготвителен меч на овие две селекции и сега нашите кошаркари славеа со 64:73. Дури можат и да жалат што не победија поубедливо бидејќи кон средината на третиот период ги имаа највисоките +21 (32:53).

FIBA

На околу три минути пред крајот Бугарија се доближи на -4 (61:65), но тројката на Зеќири и слободните фрлања на Димитровски повторно ги однесоа нашите јуниори на пристојна позитива по која домаќините не успеаја резултатски да се вратат.

FIBA

Димитровски со 18 поени беше нашиот најефикасен кошаркар, но се истакна Карталовиќ кој заврши со 12 поени и 11 скока.

По овој натпревар јуниорската репрезентација се враќа во Скопје, а до почетокот на Европското првенство Б-дивизија во Орадеа, Романија на 26-ти јули ќе настапи на уште два турнира, во нашиот главен град и во Бугарија.