ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Југословенска ноќ во НБА

(ВИДЕО) Југословенска ноќ во НБА

сподели
фото: denverstiffs.com

Еден Србин и еден Хрват, покрај Словенецот Лука Дончиќ, ја одбележаа вечерта во најсилната светска кошаркарска лига.

Никола Јокиќ го одигра можеби својот најдобар натпревар оваа сезона, а го круниса со кош за победа на секунда пред крајот. Денвер ја победи Филаделфија со 100:97 иако постојано се наоѓаше во негатива.

Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 26 поени, 10 скока, 6 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади.

Кош за победа, но за Јута Џез, постигна и хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ. Поранешниот финалист во НБА направи изненадување победувајќи го Милвоки со 103:100, а искусниот крилен играч постигна тројка со звукот на сирената.

Тоа беше шлаг на тортата бидејќи Богдановиќ беше убедливо најдобар играч на Јута Џез на овој меч со 33 постигнати поени.

На нив може да им се додаде Богдан Богдановиќ кој со Сакраменто беше подобар од Атланта (109:121). Србинот постигна 20 поени со пет погодени тројки од шест шута.