ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ФОТО) Хувентут уште има кошмари од Партизан

(ФОТО) Хувентут уште има кошмари од Партизан

сподели

Поминаа речиси три децении од легендарната тројка на Александар Ѓорѓевиќ во финалето од тогашниот Куп на европски шампиони, а во тимот на Ненад Димитријевиќ уште се свежи спомените од тој момент.

Партизан и Хувентут тогаш играа во финалето од КЕШ, а претстојната сезона ќе се сретнат во групната фаза од Еврокупот, во една од најсилните негови групи. По ждрепката, од каталонскиот клуб веднаш ги потсетија своите навивачи на она што се случи во 1992 година.

Хувентут тогаш ги живееше најсветлите моменти од својата историја, во 1991 и 1992 година беше шампион на Шпанија, во 1990 и 1993 година го освојуваше трофејот во Копа дел Реј, а круна на се беше пехарот од Купот на европските шампиони во 1994 година, две сезони по поразот од Партизан и под водство на Жељко Обрадовиќ.

„Партизан не ни носи многу убави спомени, но тој пораз во 1992 година ни помогна да го подигнеме трофејот во 1994. Сигурно дуелите со овој тим повторно ќе ни помогнат да растеме“, напиша администраторот на Твитер профилот на Хувентут.

Интересно е тоа што дуелите во претстојната сезона нема да бидат први меѓу Партизан и Хувентут по тоа легендарно финале. Двете екипи се сретнаа во групната фаза од Евролигата во сезоната 2006/07 и тогаш каталонците делумно се одмаздија затоа што триумфираа на двата натпревара (дома славеа со 82:51), но не сакаат да кријат дека уште го паметат поразот од пред 28 години.