ПОЧЕТНА Во позадина Џордан ги спојува НБА сопствениците, влезе во бизнис со текила

Џордан ги спојува НБА сопствениците, влезе во бизнис со текила

сподели
Forbes.com

Машината за пари, додека играше кошарка, продолжува во истиот ритам и по завршувањето на кариерата иако се поминати преку 20 години од неговиот вистински последен одигран натпревар (1998), кога беше во зенитот на формата (пред втор пат да се пензионира во дресот на Чикаго Булс).

Членот на Куќата на славните, 6-кратен НБА шампион и сопственик на Шарлот, најави продажба на дел од акциите на франшизата пред краток период, а сега најавува уште една бизнис бомба – премиум бренд на текила, пијалок кој веќе е распространет и има бројни награди, од Њујорк до ЛА.

Мајкл Џордан бил директно инволвиран во дизајнот на логото, заедно со иновативниот тим на Најки, кое во себе ја содржи 23-ката на легендарниот Ер, заедно со билката (агава) со пет листа од која се произведува текилата.

Иако НБА сопствениците се познати по заеднички зделки, досега не се памети четворица (Хорнетс, Селтикс, Лејкерс, Бакс) или повеќе да се вклучат во ист проект.