ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Џо Фурстингер го напушти Гостивар и продолжува во Полска

Џо Фурстингер го напушти Гостивар и продолжува во Полска

сподели

Најдобриот играч на полуфиналистот во македонскиот плеј-оф си замина по една година.

Следна дестинација на Џо Фурстингер е полскиот Гливице кој последната сезона го освои 12-тото место во тамошното првенство.

Американскиот крилен центар остави одличен впечаток во македонската кошарка иако играше само една натпреварувачка кампања. Не само што беше најдобар поединец во тимот на Гостивар, туку заврши како четврти стрелец во лигата со просек од 16,5 поени, шести скокач со 7,5 прифатени топки и четврти блокер со 1,1 „банани“ по натпревар.