ПОЧЕТНА Некатегоризирана Јас сум најплатениот во историјата на НБА, по секунда

Јас сум најплатениот во историјата на НБА, по секунда

сподели
фото: ESPN

Играше за универзитетот Оклахома Стејт, беше избран во втората рунда на НБА драфтот 2007-та (51), Чикаго го прати во развојната лига, за Клиперс одигра 3.9 секунди на еден единствен меч во јануари 2010 во ТД Гарден против Бостон.

„Јас сум најплатениот играч по секунда во НБА лигата. Тоа беа најбрзите 4 секунди во мојот живот. А мислев дека треба да се чувствувам како и секој играч, дека бев посакуван таму каде што бев, дека таму припаѓав.“ – изјави ЏејмисОн Кари.

Има вкупно 9 играчи што одиграле една минута или помалку во НБА лигата, но Кари е рекордерот за најкратка кариера. Тој воопшто не ја допрел топката. Се пензионира во 2014 (Г лига, Бејкерсфилд), по неколку сезони во потпросечни тимови.