ПОЧЕТНА СП 2019 Јанис што? МВП кој? Го исплеска еден дедо!!!

Јанис што? МВП кој? Го исплеска еден дедо!!!

сподели
FIBA

Селекторот на бразилската репрезентација не пропушти да додаде поголема димензија на победата на неговата репрезентација против фаворизираната Грција, која се споменуваше како еден од кандидатите за медал, пред стартот на ова СП.

„Еве зошто овој спорт е прекрасен. Имате МВП со 23 години (Адетокумбо) и ветеран (Алекс Гарсија) со 40 години кој го исплеска како мало дете. Ете кој ќе го сопре грчкото чудовиште!“

Алекс Гарсија (39) беше еден од играчите што го чуваше Јанис, но ќе заклучиме дека бразилската селекција со тимска европска одбрана го спречи да се размавне со сите оружја.