ПОЧЕТНА Некатегоризирана Јанис Адетокумбо во Голден Стејт!?

Јанис Адетокумбо во Голден Стејт!?

сподели
NBA

Најкорисниот играч во НБА лигата последната сезона би можел да се пресели во редовите на актуелниот вицешампион, тврди новинарката на ЕСПН, Рејчел Николс.

Тоа не се однесува на оваа година, туку идната и ако грчкиот репрезентативец одлучи да го тестира пазарот. Голден Стејт Вориорс во тој случај би била една од неговите посериозни опции и возбудливо звучи можноста заигра покрај Клеј Томпсон и Стеф Кари.

Уште во февруари годинава новинарот Марк Стајн зборуваше дека франшизата од Сан Франциско сериозно бара замена за Кевин Дурант, а Вориорс се подготвени да се откажат од Д’Анџело Расел за да го донесат Адетокумбо.