ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јанески ја завршува кариерата во Гостивар?

Јанески ја завршува кариерата во Гостивар?

сподели
фото: kumanovskimuabeti.mk

Дојде ли времето гостиварецот (203, 1988) да се врати дома и да ја круниса кариерата со трофеј во родниот град? Еден од најпотценетите и воедно еден од најинтелигентните македонски кошаркари, потпишува за најголемото изненадување минатата сезона, дознава нашиот портал.

Информацијата е неофицијална, како што е неофицијално и дека тој ги одбил понудите на скопскиот тим ФМП и на Куманово, за да се скраси каде што е роден, со надеж дека ќе биде една од алките што недостасуваа(т) за барем еден од двата пехара, следната сезона.

Поранешниот репрезентативец и членот на нашата златна, но прерано прегорена „португалска“ генерација која требаше од младинските редови да премине во сениорските и да го продолжи патот на учества на континенталните собири, оставајќи зад себе барем уште еден строј помлади кошаркари за иднината, реши(л) да игра пред преполна сала, да го почувствува „наежот“ што се раѓа само во вулканот „Младост“.

Оваа соработка ја заслужуваат двете страни, играчот и клубот што играат природна кошарка, што играат полетна и едноставна кошарка. Јанески одлично соработуваше со плејмејкерот Костоски, и иако е ниска и бавна четворка, ако потпише за Гостивар, ќе биде опасна финиш опција во нападот. Неговиот шут, е друга приказна, ако му тргне, може слободно противникот да се спакува и да си оди пред крајот на мечот…