ПОЧЕТНА ЕВРОПА ЈАНАКОПУЛОС: Си одам од Панатинаикос, ако не ми се исполнат условите

ЈАНАКОПУЛОС: Си одам од Панатинаикос, ако не ми се исполнат условите

сподели
twitter

Предводникот на најтрофејната грчка екипа, изјави дека сериозно размислува да ја напушти позицијата што ја има во редовите на детелинките, затоа што се изморил од самостојната битка што ја води на сите фронтови:

„Или ќе се обединат сите секции на ПАО во едно спортско друштво, по принципот на Реал и Барселона, ќе се изгради нов стадион и ќе се применува принципот на избори во раководството, до крајот на сезоната 2019/20, или јас ќе си заминам.

Ќе ги продадам моите акции вредни 25 милиони евра, ќе го оставам клубот кој што нема никакви долгови. Ми треба поддршка, не можам веќе се сам да правам.“ – се зборовите на контроверзниот Димитрис Јанакопулос.

twitter

Меѓу другото, тој му посака се најдобро на тренерот Рик Питино кој што ја избрал фамилијата пред работата и морал да си замине за САД, иако претходно се договориле за продолжување на соработката.

На темата Олимпијакос, Јанакопулос рече дека тоа е екипа која што напуштила терен на полувреме, се здружува со хулигани и го прекршила законот само за да не биде казнета, а воедно на најголемиот ривал му посакува се најдобро во втората лига во Грција.