ПОЧЕТНА Некатегоризирана Џејмс Харден по фудбалските стапки на Леброн

Џејмс Харден по фудбалските стапки на Леброн

сподели
фото: Houston Rockets

Суперѕвездата на Хјустон Рокетс одлучи дел од парите заработени на кошаркарските терени да ги вложи во фудбалот.

Слично како Леброн Џејмс, кој има акции во Фудбалскиот клуб Ливерпул, Џејмс Харден стана ко-сопственик на МЛС франшизата Хјустон Динамо.

„Возбуден сум од можноста да влезам во групата сопственици на Хјустон Динамо и горд што ќе бидам дел од франшиза со блескава историја. Хјустон е мој дом и ова е можност да инвестирам во мојот град.

Фудбалот генерално, а особено МЛС е во експанзија. Јас бев фан на Хјустон Динамо неколку години наназад и знам дека има голема база навивачи, па не беше тешко да одлучам да влезам во овој проект“, изјави Харден.

Американските медиуми тврдат дека тој откупил 5% од акциите на франшизата, а тоа, според некои, изнесува околу 475 милиони долари.