ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈАКИМОВСКИ: Возбуден сум за новата авантура, едвај чекам да почнам

ЈАКИМОВСКИ: Возбуден сум за новата авантура, едвај чекам да почнам

сподели

Најголемиот македонски талент донесе одлука својата кариера да ја продолжи во САД, на Универзитетот Вашингтон кој се натпреварува во НЦАА лигата.

За многумина ова е прв чекор кон НБА и можеби 19-годишникот од Крива Паланка ќе стане вториот Македонецот во најсилната светска кошаркарска лига. Оваа година за него е пресвртница, прво учествуваше на завршниот турнир од младинската лига во Италија, како член на Динамо Сасари, потоа замина во Пулман, каде се наоѓа Вашингтон Стејт Универзитетот, а на крајот се согласи да продолжи таму.

„Возбуден сум за новата авантура, едвај чекам да почнам. Кога го посетив Универзитетот во јануари бев фасциниран од структурата, организацијата и целото опкружување. Јасно ми порачаа дека сакаат да бидам дел од нив и јас не можев да направам ништо друго, освен да ја прифатам нивната понуда.

Се разбира, ова немаше да биде возможно без периодот поминат во академијата ПМС. Уште кога дојдов таму ме примија како свое дете и ми овозможија да се развивам како човек и како спортист. Благодарем сум на сите таму, од менаџерите до тренерите, кои ме следеа на мојот пат до овде“, изјави Јакимовски.

Македонскиот репрезентативец беше член на академијата ПМС од 2016 година и многу пати добиваше награди за најдобар играч во неа. Се оддолжи со одлични игри, сезонава имаше неколку натпревари на кои покажа дека ја надминал средината, па во младинските лиги остваруваше индекс над 40, еднаш и 50.