ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Јакимовски ја крена Италија на нозе – 42 поена и 20...

(ФОТО) Јакимовски ја крена Италија на нозе – 42 поена и 20 скока!

сподели
fiba.basketball

Еден од најголемите македонски таленти одигра натпревар каков ретко се гледа од еден наш кошаркар, особено на негова возраст.

Во победата на неговиот тим Новипиу Кампус Пиемонте против Палаканестро Колеџ со 93:89 во младинската (У18) лига на Италија, членот на нашата репрезентација до 18 години постигна 42 поена и 20 скока, плус 10 изнудени лични грешки.

Тоа е само уште едно во низата одлични изданија на Андреј Јакимовски оваа сезона во која тој игра и за првиот тим на Баскет Торино, во А2 лигата на Италија.