ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јакимовски избра – заминува во НЦАА

Јакимовски избра – заминува во НЦАА

сподели

Најголемиот македонски кошаркарски талент одлучил да ја продолжи кариерата во НЦАА, во екипата на Вашингтон Стејт Универзитет, тврди денеска американскиот портал spokesman.com.

Информацијата ја потврдува и тренерот на ВСУ, Кајл Смит кој додава дека интересот за Андреј Јакимовски датира од пред една година.

„Цела година преговараме со него, тој имаше понуди од европски професионални екипи и од неколку Универзитети во САД. Тој е исклучително талентиран кошаркар, може да игра на четири позиции, доминира во своите возрасни категории и веќе има искуство од настапи за македонската репрезентација. Одличен ученик е со силен карактер и сигурен сум дека ќе се вклопи во нашата програма“, изјави Смит.

Јакимовски веќе беше гостин на Универзитетот Вашингтон, на почетокот од оваа година, кога имаше и средби со поранешниот играч на овој тим Клеј Томпсон. Сениорскиот репрезентативец би бил втор Македонец во НЦАА идната сезона, по Кирил Панов кој ја прифати понудата од Мисисипи.