ПОЧЕТНА АБА Јака Блажиќ го засили новиот регионален проект, кој што (ќе) цели високо

Јака Блажиќ го засили новиот регионален проект, кој што (ќе) цели високо

сподели
fiba.basketball

Словенечкиот репрезентативец се врати во родната земја и во новата сезона ќе игра за фузираната словенечко-хрватска екипа, Цедевита Олимпија Љубљана.

Минатата сезона, европскиот шампион со Словенија (2,3 – 196) ја помина во редовите на Барселона, претходно играше во Андора, Басконија, Црвена звезда, Олимпија, Слован и Триглав.

Цедевита Олимпија настана со здружување на загрепскиот и љубљанскиот клуб, во новата сезона ќе настапува во АБА регионалната лига и во УЛЕБ Еврокупот.

Јака Блажиќ (30) е роден во Јесенице, каде што нашата селекција ги играше натпреварите од групата на ЕП 2013-та година, што се одржа во Словенија.