ПОЧЕТНА Други репрезентации Изненадување во последното коло – Македонија не го доби очекуваниот ривал

Изненадување во последното коло – Македонија не го доби очекуваниот ривал

сподели
FIBA

Во првиот натпревар од нокаут фазата на Европското првенство во Удине, нашата кадетска репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Русија.

Во последното коло од групата А, Русите направија изненадување совладувајќи ја Италија со 86:80 и го освоија второто место. Домаќинот беше сигурен на првата позиција, требаше да загуби со огромна разлика за да не заврши таму, па можно е и да дојде до опуштање во неговите редови.

Италија, Русија и Хрватска завршија со по пет бода поради што се направи круг меѓу нив. Италија беше најдобра затоа што ја совлада Хрватска со 19 поени разлика.

На Европското првенство следува слободен ден, а осминафиналните дуели се на програмата на 13-ти август. Натпреварот меѓу Русија и Македонија е од 16:30 часот.

Андреј Митревски (FIBA)

Двете репрезентации обезбедија пласман во европската А-дивизија минатата година, на првенството што се одржа во Сараево. Русија ја освои титулата, а Македонија беше третопласирана. На тој шампионат играа и меѓу себе, во првото коло и победи Русија со 75:69.

Од таа селекција во сегашниот тим под водство на Денис Дервишевиќ игра само Андреј Митревски, еден од најдобрите не само во македонската репрезентација, туку и воопшто на првенството.

Победникот од дуелот меѓу Македонија и Русија во четврфиналето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Турција и БиХ. Поразените ќе се борат за пласман од 9-16 место.