ПОЧЕТНА Некатегоризирана ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА: Земјотрес ги одложи мечевите

ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА: Земјотрес ги одложи мечевите

сподели
Chicago Tribune

Земјотрес со јачина 7.1 степени бил причината поради која што натпреварите од летната лига, а со тоа и дебито на првиот пик Зајон Вилијамсон, не почнале/завршиле во предвидените термини.

Земјотресот удрил во јужниот дел на Калифорнија, но се почувствувал се до Лас Вегас каде што се играл мечот меѓу Пеликанс и Никс, за кои што играат Вилијамсон (Њу Орлеанс) и третиот пик РЏ Барет (Њујорк).

Дуелот бил прекинат во текот на последната четвртина (80:74), големиот семафор над паркетот почнал силно да се ниша, судиите го прекинале натпреварот и по 15 минутна пауза било решено да не се доигра воопшто.