ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ивановиќ и Крстевски верни на Вардар

Ивановиќ и Крстевски верни на Вардар

сподели
Игор Ивановиќ

По назначувањето на Александар Јованчев за нов тренер, „црвено-црните“ засилено почнаа со составувањето на ростерот кој и во новата сезона ќе има задача да го сочува прволигашкиот статус.

Досега Вардар успеа да го задржи Џуниус Провел и да го врати Војче Лефкоски, а денеска нови, едногодишни договори со клубот потпишаа двајца кошаркари – капитенот Игор Ивановиќ и поранешниот младински репрезентативец Дамјан Крстевски.

Дамјан Крстевски (2)

Ивановиќ е еден од највозрасните во тимот, има 26 години и долг стаж во составот на Вардар. Крстевски дојде зимата 2019 од Работнички, а претходните неколку години учествуваше на младинските европски првенства како дел од македонските селекции. Може да се пофали со една шампионска титула во домашното првенство и со настап во јуниорската АБА лига, како член на МЗТ Скопје.

Со исклучок на странците, Вардар досега го напуштија двајца кошаркари: Славчо Темелковски се пресели во Академија ФМП, а Дамјан Робев во Куманово.