ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Иванов си замина од МЗТ Скопје

Иванов си замина од МЗТ Скопје

сподели
фото: Zadar/Zvonko Kucelin

Хрватскиот интернационалец по само една сезона одлучи да го напушти нашиот шампион и се врати во тимот на Задар.

Информацијата ја потврди и клубот на својата интернет-страница преку спортскиот директор Бранимир Лонгин.

„Договорот е потпишан на една година, а потоа ќе видиме ќе се одвива ситуацијата“, изјави Лонгин.

Иванов е миленик на навивачите на Задар, но брзо ги освои и срцата на фановите на МЗТ Скопје. Basketball.mk го прогласи за МВП на сезоната.

Хрватскиот кошаркар е трет играч што го напушти МЗТ Скопје летово по Џејмс Вудард и Љубомир Младеновски.