ПОЧЕТНА ЕВРОПА Итудис вторпат ја лапна престижната награда

Итудис вторпат ја лапна престижната награда

сподели
фото: euroleague.net

Грчкиот стратег го доби признанието Александар Гомељски, кое му се доделува на најдобриот тренер на изминатата сезона. Тренерот на европскиот шампион ЦСКА, го прими пехарот пред победата против Баерн, во 2-то коло (79:68).

Ова му е второ вакво признание, со што се изедначи со Месина и Ласо. Само Обрадовиќ има повеќе, три вакви награди, кои се доделуваат од сезоната 2004/05 во чест на починатиот татко на руската (па и европска) кошарка.