ПОЧЕТНА СП 2019 Италијанците се тешат: Резултатот лаже!

Италијанците се тешат: Резултатот лаже!

сподели
FIBA

Трет пат ова лето европскиот шампион од 1999 година загуби од Србија, два пати за време на подготовките и сега на Мундобаскетот во Кина.

Првиот меч на Акрополис купот во Атина заврши 64:96, вториот на Остајгер купот во ина 65:71 и сега 77:92. Три порази за 20-тина дена од ист ривал значат нешто, но Италијанците не веруваат во тоа.

„Резултатот лаже, нашата репрезентација одигра три извонредни четвртини. Супер Галинари, Датоме е мотор, да погодеше Белинели тројка во клучниот момент, ќе беше поинаку“, пишува Кориере дело спорт во својот извештај од натпреварот против Србија.

Газета дело спорт е малку пореална, признава дека Италијанците играле добро само во третата четвртина, потолно 53 секунди во неа кога со две тројки се доближија на -2 (53:55). Сепак, и авторот на извештајот во овој весник е полн со оптимизам и тврди дека со Шпанија ќе биде многу полесно.

Освен тоа, Газета се жали на судењето и тврди дека на српската репрезентација не и е потребна помош од арбитрите иако не ги анализира детално нивните грешки.

Замерки на судиите има и Планета баскет која смета дека Никола Јокиќ требало да биде исклучен поради инцидентот со Хекет, но сепак признава дека италијанските кошаркари играле премногу грубо на него.