ПОЧЕТНА ЕВРОПА Историското соочување на миленикот и постелката

Историското соочување на миленикот и постелката

сподели
По тројката против Хувентуд, за титулата во КЕШ 1992-та година (youtube).

Прват во својата актуелна кариера, играчот што проникна во некогаш непресеушната балканска кошаркарска школа што даде многу асови на оваа игра, ќе ги посети родното место и средината во која се роди и израсна, како тренер.

Александар Ѓорѓевиќ (52) доаѓа во Белград со Виртус Болоња, некогашната голема европска кошаркарска сила, во рамките на втората фаза од Еврокупот. Во 13-годишната тренерска кариера патиштата со црно-белите постојано му се разминуваа, но дојде и тој час.

Кога се врати како противник-играч, навивачите му искажуваа благодарност и го молеа да на им „трпа“ многу (поени). Играше во Пионир и во хуманитарни и историски цели. Пред стартот на натпреварот од 20:00 часот, очекуваме нова порака, која беше суптилно најавена и од Сале Национале.

На евентот „Гробари за нас“ во 2015 година (Foto: Marko Metlas
Kosarka, Partizan, Grobari za nas).

„Ќе биде емотивно, но ние сме професионалци.“ – рече искусниот лисец.

Тешко дека некој ќе може да ги сопре емоциите, особено во атмосферата која е изградена на меѓусебна љубов и огромно почитување меѓу играчите, публиката и сите останати членови, на фамилијата Партизан.