ПОЧЕТНА ЕВРОПА Историска победа за АСВЕЛ

Историска победа за АСВЕЛ

сподели
фото: euroleague.net

Францускиот шампион со специјална покана настапува сезонава во Евролигата, но јасно е дека Тони Паркер и соработниците направиле респектабилен тим кој ќе се бори за пласман во плеј-офот.

Во првите две кола АСВЕЛ ја искористи предноста на домашниот терен и ги победи грчките гиганти Олимпијакос и Панатинаикос. Со тимот од Пиреја му беше лесно, триумфираше со 19 поени разлика, ПАО го „реши“ дури во последната минута.

Oваа победа е историска за најтрофејниот француски клуб. АСВЕЛ стана првиот тим од оваа држава кој успеал да го победи Панатинаикос од формирањето на Евролигата, пред две децении.

Атинскиот клуб е трет најтрофеен тим во елитното натпреварување со шест титули, сите освоени од 1996 година наваму поради што овој успех не е за потценување.