ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Историска ноќ за Ленард и Џорџ

(ВИДЕО) Историска ноќ за Ленард и Џорџ

сподели

Лос Анџелес Клиперс дојде до четвртата победа во низа, совладувајќи ја Минесота на гостински терен со 124:117. Ѕвезди на мечот беа Каваи Ленард и Пол Џорџ кои постигнаа вкупно 88 поени (46 на Џорџ, 42 на Ленард).

Колку беа добри покажува фактот дека во првото полувреме постигнаа 54 од вкупно 65 поени на Клиперс, а потоа станаа првиот тандем во последните 20 години со над 35 постигнати поени во првите три четвртини.

На спротивната страна им парираа Таунс и Вигинс, но тие заедно стигнаа „само“ до 73 поени (39 на Таунс, 34 на Вигинс).