ПОЧЕТНА НБА ИСТОРИЈА ВО НБА: Помалку мечеви, куп и квалификациски турнир

ИСТОРИЈА ВО НБА: Помалку мечеви, куп и квалификациски турнир

сподели
Sports Illustrated

НБА лигата ја испитува можноста од сезоната 2021/22 да воведе постсезонски квалификациски турнир за влез во натпреварувањето, Куп на средината на сезоната и намалување на бројот на натпреварите кои што во моментов се 82 за секоја екипа.

На 17-ти јуни, на конференцијата на Комитетот на НБА лигата што го сочинуваат 12 претставници на врвните франшизи, се разговарало за овие идеи и тенденции, кои што се се посилни и се повеќе се зборува за нив, пред се од бизнис гледна точка.