ПОЧЕТНА ЕВРОПА ИСПОВЕД: Возеше брзо и контра, удри во нас

ИСПОВЕД: Возеше брзо и контра, удри во нас

сподели
Instagram

Кошаркарот на Црвена звезда доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Бања Лука – Приједор, се враќал со негов пријател од свадба. За настанот, зборува еден од двајцата патници што се наоѓале во другото возило.

Еве ги зборовите на боксерот Дражан Јањанин, што ги пренесе српскиот медиум Б92:

„Се враќав од борба во Минхен, по мене дојде мојот пријател со мојот автомобил. Одеднаш, околу 5 часот изутрина, видовме друго возило со силни светла во нашата лента. Среќа што пријателот беше смирен и направи маневар да го избегнеме другото возило, удривме во банкина, а потоа тоа возило удри во нас и во банкината и излета од патот.

Ние се превртевме на кров, останавме без крило и врата каде што бевме удрени, ги искршивме стаклата и истрчавме да им помогнеме на патниците во другиот авотмобил, што застана на околу 200 м. од нас. Се слушаше гласна музика од автомобилот и дека има некој внатре, но почекавме асистенција од пожарникарите кои дојдоа и ги извлекоа двајцата патници.

Ние имаме само површински повреди од стаклата, бевме исечени, зашиени, но добро сме. Слушнавме дека Кузмиќ и неговиот пријател се во тешка состојба, им посакуваме брзо да се вратат на нозе.“ – изјавил Јањанин.