ПОЧЕТНА СП 2019 (ВИДЕО) Искри во Фошан, Џентиле доби глава од играч на Ангола

(ВИДЕО) Искри во Фошан, Џентиле доби глава од играч на Ангола

сподели

Италијанската репрезентација очекувано дојде до втората победа на Светското првенство во Кина, но дуелот против Ангола го одбележа инцидентот во финишот од натпреварот.

По едно меѓусебно туркање, кошаркарот на Ангола, Леонел Пауло со глава го удри Алесандро Џентиле и тоа пред очите на тројцата судии. Италијанскиот репрезентативец веднаш потоа замина во соблекувалната за да му биде укажана лекарска помош.

Епилогот очекуван – Пауло беше исклучен, но тоа не смени многу бидејќи и претходно победникот беше познат.