ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Исајлоски диригираше, јуниорите тргнаа со победа

Исајлоски диригираше, јуниорите тргнаа со победа

сподели
КФСМ

Македонската репрезентација составена од кошаркари до 18 години оствари победа во првиот контролен меч на почетокот од подготовките за Европското првенство Б-дивизија што од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Орадеа, Романија.

Противник на нашите јуниори беше Полска, а Македонија славеше со 61:58. Резултатот е одличен ако се има предвид дека Полјаците не натскокаа (53:37), а имаа и поголем тимски индекс од нашата репрезентација.

Најдобар играч во македонската селекција беше Виктор Исајлоски кој постигна 20 поени и 9 скока, најблиску до него заврши Лејсон Зеќири, со 13 поени.

Ова беше и деби на селекторската позиција за еден од најтрофејните македонски кошаркари Тони Симиќ. Полска ќе биде наш противник и на утрешниот контролен наторевар, а во текот на овие подготовките, јуниорите ќе играат уште со Црна Гора, Бугарија и Романија, а ќе учествуваат и на турнири во Бугарија и Скопје.