ПОЧЕТНА Некатегоризирана Инфаркти „летаат“ во Ел Класико: Томпкинс промаши титула за Реал

Инфаркти „летаат“ во Ел Класико: Томпкинс промаши титула за Реал

сподели
фото: Marca

Како што пред два дена загуби во Мадрид, Барселона така победи на третиот натпревар од финалната серија во шпанското првенство.

Тогаш испушти висока предност во последната минута, прими тројка на секунда пред крајот и испушти можност да направи брејк. Сега, на домашен терен, намали на 2:1 по победата од 78:77, но најмногу благодарение на Треј Томпкинс кој во последната секунда промаши чист зицер (од американка) за триумф по кој Реал ќе ја освоеше шампионската титула.

Шампионот доминираше во поголемиот дел од натпреварот, во третата четвртина имаше +11 (38:49), а на помалку од две минути пред крајот и +6 (71:77). Барса затвори со серија од 7:0, но малку недостасуваше „каталонците“ да бидат трагичари бидејќи не искористија можност порано да го затворат натпреварот, а ги испуштија подароците од противникот кој почна неконтролирано да ги троши своите напади.

Ертел повторно беше најефикасен во тимот на Барселона, сега со 21 поен, Синглтон додаде 12, а Томиќ 11. Трагичарот Томпкинс, заедно со Кампацо, со по 18 поени го предводеа Реал.

Четвртиот натпревар од финалната серија се игра на 21-ви јуни, повторно на теренот на Барселона.