ПОЧЕТНА ЕВРОПА Инфаркт победа на МЗТ

Инфаркт победа на МЗТ

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Кога сите очекуваа продолжение, Херис од линијата за слободни фрлања го реши дуелот од 10-то коло од АБА 2 лигата против Нови Пазар, со 89:87.

МЗТ Скопје доминираше во поголем дел од првото полувреме, но на пауза се замина со нерешен резултат (46:46). Во вториот дел гостите имаа и +6, но македонскиот првак успеа да ја надополни негативата и да дојде до победата со поените на Херис во последната секунда.

Херис беше најефикасен со 18 поени, Крстевски постигна 16, а Магдевски и Хиндс по 14 поени. На спротивната страна блеснаа поранешните играчи на Гостивар и Блокотехна, Александар Тодоровиќ и Мајкл Мелори кои реализираа 23, односно 18 поени.