ПОЧЕТНА Некатегоризирана Империјата се распаѓа – Томпсон си оди од Голден Стејт!?

Империјата се распаѓа – Томпсон си оди од Голден Стејт!?

сподели
Marca

По пет настапи во низа во финалните серии од НБА лигата, пред актуелниот вицешампион е исклучително важен период.

Кевин Дурант доживеа тешка повреда и најверојатно нема да игра цела следна сезона. Проблеми на франшизата од Калифорнија сега и прави и втората голема ѕвезда во тимот Клеј Томпсон кој се закани дека ќе си замине ако не му се исполнат условите.

Најважниот од нив е да добие максимален договор – 190 милиони долари за пет сезони. Ако не се случи тоа ќе ги разгледа другите опции меѓу кои најсериозна е понудата од Лос Анџелес Клиперс.

Со оглед на повредата на Дурант, евентуалното заминување на Томпсон најверојатно ќе значи крај за Голден Стејт Вориорс каков што го знаевме досега.