ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Имаше ли фаул од Леброн над Џорџ при последниот шут?

(ВИДЕО) Имаше ли фаул од Леброн над Џорџ при последниот шут?

сподели
Lakers

Лејкерс го победија градскиот ривал со 103:101 во драматичен финиш во кој и Клиперс имаа шанса да дојдат до триумфот.

Добија 13 секунди да организираат напад од кој ќе израмнат или постигнат тројка за победа, но против себе го имаа Леброн. Ѕвездата на Лејкерс одигра одлична одбрана прво против Кавај Ленард, потоа против Пол Џорџ и не им даде можност да шутнат од чиста позиција.

Пол Џорџ се жалеше дека имало прекршок над него, дека, наводно, Џејмс го турнал со раката при обидот да постигне тројка. Впечаток е дека судиската одлука беше исправна, односно дека фаул тука – нема.