ПОЧЕТНА Други репрезентации Имаме ѕверови: Симиќ прв скокач, Митревски втор стрелец, Наков трет асистент

Имаме ѕверови: Симиќ прв скокач, Митревски втор стрелец, Наков трет асистент

сподели
Филип Наков (фото: FIBA)

Заврши групната фаза од Европското првенство во Удине и 16-те репрезентации учеснички можат да почнат да се подготвуваат за осминафиналето.

Системот е таков што нема рано испаѓање и сите имаат шанса да се пласираат во завршницата, дури и оние што не играа добро во првите три меча. Македонската репрезентација се покажа во одлично издание, испушти победи против Шпанија и Израел, но ја победи Летонија и заврши на третото место во групата.

Но, групната фаза покажа дека Денис Дервишевиќ направил одлична селекција и дека има фантастични поединци кои ги подредил на колективот.

FIBA

Тројца наши репрезентативци отскокнуваат и се во топ-3 во три статистички категории. Теодор Симиќ е најдобар скокач со 33 прифатени топки или 11 по натпревар, Андреј Митревски е втор стрелец со 63 поени (21 по натпревар) и Шарп му „бега“ само еден поен, а Филип Наков е на третото место кај асистентите со 16 додавања (5,7 по натпревар).

Освен нив Амар Хот е на делба на петтото место кај најдобрите скокачи со просек од 9 по натпревар, а Наков е и на десеттото место на листата на стрелците со вкупно 36 (12 по натпревар).