ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВОЈДАН: Имаме шанси за ЕП, за кратко потпишувам со нов клуб

ВОЈДАН: Имаме шанси за ЕП, за кратко потпишувам со нов клуб

сподели
Foto: Kay Nietfeld/dpa

Во паузата меѓу двете сезони, нашиот репрезентативен капитен е во фаза кога може да бира каде ќе игра затоа што веќе има солиден рејтинг во европските лиги, па не брза со решението каде ќе ја продолжи кариерата.

За македонската кошарка вели дека очекува пораст на квалитетот со оглед на тоа дека се намалил бројот на екипите, а за проектот МЗТ 2 истакнува дека е историска шанса за младите кошаркари од Аеродром.

„Досега не сме имале лига со 10 екипи, во поново време и очекувам да порасне квалитетот на првенствената кошарка во нашата земја, а со тоа да се зголеми и базата на играчи за репрезентацијата. Штета што пропаднаа проекти како Охрид и Блокотехна, а МЗТ Скопје направи историски подвиг со втората екипа.

Тренирам со првиот тим на металците, за што сум и многу благодарен на управата. Шампионот има одличен состав, кој треба уште малку да се уигра. За младинците, кои тренираат со вториот тим што исто така игра во Прва лига, можам да кажам дека тренираат одлично, добро трчаат и ќе бидат не толку лесен противник за сите останати тимови во премиерниот шампионат на Македонија.

фото: КФСМ

Она што е најважно за таа втора екипа на МЗТ Скопје Аеродром, е што тоа е супер одлука. Не паметам некој тим да пушти и втора екипа да се натпреварува во Прва лига, само за да развива играчи. Тие играчи ќе добијат шанса да играат по 30 минути што ке биде од огромно значење за нивното искуство, секоја чест за потегот.

fiba.basketball

Мислам дека со малку среќа, во претстојните квалификации можеме да избориме место што ќе не одведе на континенталниот собир, по пауза од еден шампионат кога го загубивме континуитетот. Треба само да останеме здрави и да избереме добар странец, што ќе го пополни местото што најмногу ќе ни треба. Тоа ќе зависи и од новиот селектор што ќе биде избран и поставен.

фото: EWE Basket Oldenburg

Не брзам со одлуката каде ќе ја продолжам кариерата, веќе разговарам во напредна фаза со неколку екипи, ќе решам која ќе ми понуди најдобри услови и таму ќе потпишам.“ – вели Војдан Стојановски, за basketball.mk.