ПОЧЕТНА ЕВРОПА Има и такви што го прекинаа првенството, а не прогласија шампион

Има и такви што го прекинаа првенството, а не прогласија шампион

сподели
фото: ABA liga/Sime Zelic

Наспроти петте држави кои во март објавија крај на националните шампионати во кошарка, федерацијата на Словенија донесе одлука да ги прекине сите натпреварувања под своја капа, но да не прогласи првак.

Така, Првата лига на оваа земја официјално е поништена, односно завршена без конечна табела и освен тоа што нема шампион, нема ни тим кој испаѓа во понизок ранг.

„Последните денови имавме разговори со луѓе од бројни словенечки клубови. Дојдовме до заклучок дека во вака несигурна ситуација најдобро е да ја завршиме сезоната. Не видовме алтернатива, сите клубови беа едногласни во својот став“, откри претседателот на Федерацијата, Матеј Ерјавец.

Словенија е седмата земја во Европа во која е прекинато првенството, пет одредија шампиони, а Чешка ја пролонгира својата одлука.