И кога не игра добро, српската репрезентација е способна да победи со 15+ поени разлика, без разлика кој е на спротивната страна.
Тоа на своја кожа, трет пат ова лето, го почувствува Италија која е буквално исчистена од актуелниот европски, светски и олимписки шампион. Србија славеше со 77:92 и со максимални шест бода ја завршува првата фаза од Мундобаскетот.

Иако Ѓорѓевиќ ги имаше сите расположливи сили, неговите кошаркари не играа добро, поточно премногу осцилираа. Тоа важи за првите три четвртини. Прво Србија водеше со 26:19, па Италија дојде на 31:29, потоа во неколку наврати беше +10 за на средина од третиот период „аѕурите“ да дојдат на само два поена негатива (53:55).

Но, тоа беше крај на „попуштањето“, српската репрезентација нагази на гас и до крајот на третата четвртина направи +13 (70:57). Италијанците повеќе немаа сили за шресврт, се што направија беше да предизвикаат два инцидента кои за малку не прераснаа во масовни тепачки.

Богдан Богдановиќ одигра извонреден натпревар, постигна 31 поен со шест тројки од вкупно десетте на српската селекција. Јокиќ додаде 15 поени, а Радуљица 12, сите од линијата за слободни фрлања.
Данило Галинари со 26 поени ја предводеше Италија, но „аѕурите“ со години немаат ништо повеќе од една екстра петорка, а тоа не е доволно за високи дострели.