ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Илиевски ќе ја брани титулата во БИБЛ

Илиевски ќе ја брани титулата во БИБЛ

сподели

Еден месец по згаснувањето на АВ Охрид, тренерот на овој тим најде нов ангажман.

Следен клуб во неговата кариера е косовскиот Раховеци кој се натпреварува во БИБЛ лигата. Тоа значи дека Марјан Илиевски ќе ја брани титулата во регионалното натпреварување што ја освои минатата сезона додека ја водеше Блокотехна, клуб што повеќе не постои.

За 43-годишниот стручњак Раховеци е втор косовски клуб во неговата тренерска кариера. Во сезоната 2014/15 го водеше тимот на Приштина и со него, исто така, го освои пехарот во БИБЛ лигата, а триумфираше и во домашното првенство.

Илиевски нема многу време да се навикне на својот нов тим. Дебито на клупата ќе го има на 29 октомври, во БИБЛ лигата, против црногорскиот Рожај на домашен терен.